Top Sport

За 9 минути Рома ја реши работата со Верона

Со 3 гола од 20. до 29. минута фудбалерите на Рома ја завршија работата на вечерашниов меч против тимот на Верона на „Олимпико“ во Рим.

Избраниците на Фонсека (го немаше Един Џеко во нападот) тргнаа фуриозно против Верона, па во 20 минута Мансини донесе домашна предност од 1-0.

Само 2 минути подоцна на семафорот стоеше 2-0. Стрелец на вториот погодок за „волчицата“ беше Мхтаријан.

Не поминаа ниту 7 полни минути, а голманот Силвестри по третпат ја вадеше топката од мрежата. Овојпат стрелец беше Мајорал.

Во вториот дел гостите единствено успеаја малку да го ублажат поразот. Ебрима Коли беше стрелец на почесниот погодок на Рома во 62 минута.

Рома по 20 кола изби на третата позиција со 40 освоени бодови, 4 помалку од второпласираниот Интер и -6 од лидерот Милан.

Верона, пак, останува деветта, со 30 освоени бода.

Scroll to Top