Уште 5 месеци Лео Меси е под договор со Барселона, прашањето кое се наметнува е дали Аргентинецот кој со каталонскиот клуб освои се што можеше да се освои ќе ја продолжи верноста или на лето ќе си бара нова средина.
„Не сум сигурен дали ќе остане, иако се надевам. Посакувам затоа што и понатаму е голем играч, способен да решава натпревари. Уживам додека го тренирам. Нестварно е каков квалитет демонстрира на тренинзите, дојде како дете во Барса и не можам да го замислам во било кој друг дрес“ рече тренерот на Барселона, Роналд Куман во интервју за британски „Atletik“
Манчестер Сити и ПСЖ се имињата кои се споменуваат најчесто како негова следна дестинација.
„Тежок период е зад него, беше лут поради одреден случувања во клубот и по страшниот пораз од Баерн (8-2). Кога дојдов, полуде од желба да си оди од Барса, првата моја порака до клубот беше дека тоа што се случува меѓу нив не е мој проблем. Пред почетокот на сезоната разговаравме во неговиот дом, му ги предочив плановите и се виде дека е многу возбуден. Ми реков дека ќе сум среќен ако остане, а доколку замине – тоа ќе е само негова одлука. Малку по малку Лео ја прифати околноста и погледнете, сега е посветен на екипата, иако никој не знае што ќе биде во иднина“ – рече Куман.