Манчестер јунајтед го декласираа Саутемптон со 9:0 во 22.коло, во Премиер лигата. За „светците“ ова е втор ваков дебакл, минатата сезона примија девет гола од Лестер, но на домашен терен.Во вториот меч од вечерната програма Кристал Палас славеа во Њукасл со 2.1.
Саутемптон доживеаја вистински кошмар на „Олд Трафорд“. И пред мечот имаа проблеми, тренерот Хазенхитл, не можеше да смета на девет играчи, а шок претрпеа по само 80 секунди, кога поради брутален старт врз Мектоминеј, Александер Јанкевиц доби црвен картон.
За 20-годишниот фудбалер ова беше дебитански настап во Премиер лигата.
На крајот Саутемптон натпреварот го завршија со дветмина на теренот, кога беше исклучен и Бендарек.
Ван Бисака, Рашфорд, Бендарек (авто-гол) и Кавани ги постигнаа головите во првиот дел. Во второто полувреме во 69. и 71.минута голови постигнаа Марсијал и Мектоминеј, а потоа од 87. до 93 минута Јунајтед постигнаа уште три гола, Фернадеш од пенал, Марсијал и Џејмс.
На „Сент Џејмс парк“, Њкалс фуриозно започнаа против Кристал Палас, во втората минута Шеви постигна гол, но до крајот на полувремето гостите од Лондон направија пресврт. Ридевал израмни во 21.минута, а ветеранот Кејхил го постави конечниот резултат четири минути подоцна.