Шкодран Мустафи им прати отворено писмо на навивачите на Арсенал за нивната поддршка во „убавите и не толку убавите моменти“ по четири години во северен Лондон, откако на последниот ден од преодниот рок како слободен играч потпиша за Шалке.
28-годишниот германски интернационалец освои два ФА куп трофеи со „топчиите“ и вели дека тој и неговото семејство секогаш ќе се сеќаваат на времето со Арсенал во Лондон.
„Еј, топчии. По четири години, 151 меча и два ФА купа, сакав да ви кажам благодарам на сите во заедницата на Арсенал, на одличниот тим, на навивачите и на моите соиграчи. Заедно поминавме низ убави и не толку убави времиња. Но, останавме заедно. Арсенал е фантастичен клуб со голема традиција и секогаш сметав дека е задоволство и чест да се носи дресот на АФЦ. Моето семејство и јас секогаш ќе се сеќаваме на времињата во Лондон и Арсенал. Збогум и ви посакувам најдобро. Благодарам, Мусти“, напиша Мустафи.
Мустафи пристигна во Арсенал од Валенсија во 2016 за 35 милиони фунти, но оваа сезона под Микел Артета имаше само девет настапи. Тој се врати во татковината како замена за Озан Кабак, кој замина на позајмица во Ливерпул последниот ден од преодниот рок. Покрај Мустафи, Арсенал се „ослободи“ и од Месут Озил и од Сократис.
Thank you, @arsenal ?⚪️ #SM30 pic.twitter.com/8RRvj05CFy
— Shkodran Mustafi (@MustafiOfficial) February 3, 2021