Познатиот ирски новинар Хуан Меккена посакува српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ да го има вурусот Ковид 19. Тој ја прокоментирал објавата на „ББЦ“ во која се наведува дека:
„меѓу 500 и 600 играчи, официјални лица и помошен персонал на Австралија опен се испратени во изолација затоа што еден од работниците има позитивен тест на коронавирус“.
Новинарот Меккена под објавата напишал:
„Ве молам кажете ми дека и Ѓоковиќ е меѓу нив. Тоа на сите ни е потребно“.
Between 500 and 600 Australian Open players, officials and support staff will go into isolation after a worker at one of the event's quarantine hotels tested positive for coronavirus https://t.co/A5txAPYpsq pic.twitter.com/TKT3402muf
— BBC Sport (@BBCSport) February 3, 2021
Доживеа напади поради напишаното, но тој на тоа дополнително изјави дека „би му било интересно да ја види листата на барања што Србинот ја испратил до организаторите“.
Имено, токму Хуан Меккена бил прогласен за новинар на годината во Ирска, а моментно работи во „Сандеј тајмс“, а соработник е на „Њујорк тајмс“ и „ЕСПН“.