Репрезентацијата на Данска, во пријателски натпревар во Копенхаген, ја победи Панама со 1:0.
Фудбалерите на Панама, на „Брендби арена“ се држеа добро до 65.минута, кога напаѓачот Блас Перез поради невнимателен старт врз голманот Шмајхел доби црвен картон.
Четири минути по исклучувањето на Перез, единствениот гол на мечот го постигна фудбалерот на Селта Пионе Систо.
Со овој меч двете репрезентации ги започнаа подговтовките за светското првенство.
Данска во Русија ќе игра против Франција, Австралија и Перу, додека Панама ќе дебитира на мундијалите во групата со Англија, Белгија и Тунис.