Top Sport

„Вечниот“ Пандев не одлучил за пензијата

Горан Пандев уште еднаш покажа дека е најдобриот македонски фудбалер во историјата, постигнувајќи два гола за својата Џенова за 2:1 победа против неговиот поранешен клуб Наполи, и иако има 37 години, признава дека добрата форма може да го убеди да продолжи уште една сезона.

Планот на „Гранде Пандев“ е да се пензионира по историскиот настап на Европското првенство ова лето со Македонија, но во интервју за италијанскиот „ДАЗН“ по мечот вели дека не знае што ќе се случи.

„Се мачев да се вратам од последната повреда, но сега уживам во фудбалот и се чувствувам добро. Ќе видиме. Планот е да се пензионирам по Евро, но не уште не знам сигурно“, вели Пандев.

Ова беше првпат од 2013 година тој да постигне два гола, кога беше во дресот на Наполи и затоа не славеше против својот поранешен клуб.

„Поминав три прекрасни години во Наполи. Тие се голем тим, но имаа неколку повреди и не е лесно кога имате КОВИД во тимот. Сигурен сум дека ќе се вратат на добар пат“, додава Пандев.

Џенова пак, игра препородено по враќањето на Давиде Балардини, со кого освоија 17 поени во последните осум меча.

„Ова се важни три поени за нас, бидејќи уште не сме сигурни. Тренерот ни донесе смиреност во тимот, не направи да веруваме во нашите способности. Полесно е кога ќе имаш добри резултати, но овој тим има квалитет за повеќе“, објаснува Пандев.

Два гола на Пандев – Џенова го победи Наполи

 

Scroll to Top