По едно реми и еден пораз, новиот селектор на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки ја запиша и првата победа, откако на стадионот на Лудогорец во Разград, БиХ ја совлада Бугарија со мининални 1:0.
Бугарија прва имаше шанса да дојде во водство, откако во 17. минута Делев го погоди дирекот, но само три минути подоцна гостите имаа водство. Ѕвездата на Арсенал, Сеад Колашинац имаше одлично нафрлање од левата страна, за Кенан Кодро, напаѓачот на швајцарскиот Грасхоперс да погоди за 0:1.
Бугарија ја презеде иницијативата до крајот на полувремето, преку Миланов и Александров, а Кодро имаше нова шанса во 41. минута. Десподов во 65. минута, веднаш по влегувањето во игра излезе сам пред голманот Шехиќ, а домаќините мечот го завршија со играч помалку откако Рајнов доби втор жолт картон во 88. минута.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Сенегал – Узбекистан 1:1
Бугарија – Босна и Херцеговина 0:1
Гамбија – Централноафриканска Република 1:1
Норвешка – Австралија 4:1
Фото: ЕПА