Стефанос Циципас, го декласира Жил Симон, во првото коло на Австралија опен. Успешни, во мечевите кои го комплетираа воведното коло на првиот Гренд слем, беа и Матео Беретини, односно Фелисијано Лопес.
Циципас, петти носител на турнирот, на Симон му препушти само четири гема. Гркот за 93 минути победи со 6/1, 6/2, 6/1.
Циципас мечот го заврши со по 25 директни поени и неизнудени грешки, додека Симон имаше 26 грешки и само шест дирекни поени.
Циципас во второто коло ќе игра против тенисерот со грчки корени, роден во Австралија, Танаси Кокинакис. Во моментов 267. на АТП листата, во првата рунда го победи Квон Сон-ву со 6/4, 6/1, 6/1. Кокинакис на Австралија опен, како домашен тенисер, настапува на покана од организаторот.
Матео Беретни, во три сета, успеа да го победи ветеранот од Јужна Африка, Кевин Андерсон. Тенисерот од Италија славеше со 7/6, 7/5, 6/3. Првиот сет беше исклучително драматичен, Андресон не искористи осум сет топки.
Беретини, во второто коло ќе игра против Томаш Махач, кој преку квалификациите избори пласман на турнирот.
Фелисијано Лопес, денес го започна својот 75.настап на Гренд слем турнирите. Јубилејот го прослави со победа во четири сета (6/7, 6/4, 7/6, 6/4), над Ли Ту. Во второто коло, Лопес ќе игра против Лоренцо Сонего.