Top Sport

Фудбалската репрезентација на Македонија во фокусот на УЕФА

УЕФА издвои простор за фудбалската репрезентација на Македонија, која летово ќе дебитира на европските првенства. Македонија, пласманот го избори во ноември, со победата над Грузија 1:0, во финалниот бараж.

Според УЕФА, клучни играчи во македонската репрезентација се капитенот и херојот на нацијата Горан Пандев и играчот на Леванте, Енис Барди.

Пандев е рекордерот на Македонија со одиграни 114 натпревари и постигнати 36 голови. Помладиот Барди, настапил на 31 натпревар, пет пати бил стрелец.

Покрај мечот со Грузија, како најзначаен во историјата на Македонија, УЕФА го издвои и дуелот со Лихтенштајн, кога Македонија забележа рекордна победа од 11:1.

Македонија на ЕУРО 2021 ќе се натпреварува во група со Холандија, Австрија и Украина.

 

Scroll to Top