Top Sport

Дупла круна за Кирхмајр

Винсент Кирхмајр се претвора во херој на Светското првенство во алпско скијање, кое се одржува во Кортина д’Ампецо. Австриецот го освои вториот златен медал, откако по трката во супер велеслалом, на драматичен начин победи и во трката во спуст.

Кирхмајр, прв ја стратуваше трката, забележа време 1:37.79 минута. Втор стартуваше Германецот, Андреас Сандер, кој имаше за само една стотинка послабо време од Кирхмајр.

На крајот на третото место се пласира Швајцарецот, Беат Фојц, тој задоцни за 18 стотинки.

Кирхмајр сега во колекцијата има четири медали од големите натпреварувања, на претходниот шампионат во Оре тој освои сребро во супервелеслалом и бронза во спуст.

Scroll to Top