Андреа Пирло успеа да освои помалку поени од Маурицио Сари по 21 меча како тренер на Јувентус, поставувајќи го најлошиот резултат на „бјанконерите“ во Серија А во последните девет сезони.
По поразот од Наполи од 1:0, Јуве се на четвртото место во Серија А, со осум поени зад Интер, но и со натпревар помалку. Од 21 коло оваа сезона, Јувентус има 12 победи, 6 ремија и 3 порази, имаат постигнато 41 гол, а го имаат и најдобриот дефанзивен скор во лигата со 19 примени голови.
Сепак, тие имаат девет поени помалку од Маурицио Сари минатата сезона, што е најлош скор од 2011/12, годината во која почна нивната доминација во Серија А. Само Луиџи Делнери има 35 поени по 21 мечеви за сезоната 2010/11 да ја заврши надвор од пласман во Европа.