Top Sport

Клуб или болница? Реал Мадрид сезонава со 40 повреди на 20 фудбалери!

Последната повреда на Дани Карвахал, значи дека Реал Мадрид оваа сезона запиша вкупно 40 повреди на 20 фудбалери, навистина шокантна ситуација за шпанскиот шампион.

„Многу повреди не се несреќа, туку проблем. Секако, дека сме загрижени“, изјави вчера тренерот Зинедин Зидан.

По ова, Дани Карвахал по четврти пат се повреди во првите 25 минути игра. Ова значи дека во 2020/21 само Андриј Лунин, Касемиро, Ферлан Менди и Винисиус Жуниор немале проблем со повредите од тимот на Зидан.

Против Уеска, Реал играа со 9 фудбалери во аут поради повреди, против Хетафе со 8 повредени фудбалери, а со Валенсија со 7 отстутни. Против Реал Валјадолид, Карвахал ќе се приклучи на повредените Серхио Рамос, Еден Азар, Родриго, Феде  Валверде, Едер Милитао, Алваро Одриозола и Марсело.

Како фудбалерите на Реал ги „уништуваат“ колената со бизарните тренинзи

Scroll to Top