Top Sport

Белоти е потцртан во тефтерот на Малдини за идната сезона

Калчолигашот Милан задутре го чека гостување во Белград против Црвена Звезда, но Управата на „Росонерите“ веќе наголемо ги прави плановите за идната сезона во која се надеваат дека ќе играат во Лигата на шампиони.

Се чини дека „црвено-црните“ немаат сериозни планови со ветеранот Марио Манџукиќ, па тргнаа во потрага по нов центарфор.

Постојат големи шанси партнер на Ибрахимовиќ да му биде голгетерот на Торино, италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти. Капитенот на помалку познатиот клуб од Торино досега беше мета на повеќе европски клубови, но секогаш ги отфрлаше понудите и остана верен на „биковите“.

Останува време да се види дали конечно Белоти ја надрасна средината.

Scroll to Top