Top Sport

Вејн Руни и Шеј Гивен „измислија“ нова техника за корнер со Дерби каунти

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед и на англиската репрезентација, од неодамна е постојан менаџер на Дерби каунти, и очигледно има „осет“ за фудбал, откако неговите фудбалери во текот на викендот покажаа можеби најуникатна техника за постигнување на гол од корнер.

Во мечот од англиската втора лига против Мидлзборо (каде што Дерби се бори за опстанок), Каунти дојдоа во водство по 15 минути по корнерот, откако пет фудбалери на Дерби застанаа на работ на шестнасетникот со само тројца до поблиската статива, со што ја збунија одбраната на Боро.

Еден фудбалер истрча до подалечната статива, враќајќи ја топката кон голот, каде што Ли Грегори постигна гол. Руни вели дека заслужен за техниката е поранешниот голман и тренер во тимот, Шеј Гивен.

„Имавме малку време да работиме на тренинзите, и ова беше една техника. Убаво е кога вака ќе се сложат работите. Шеј Гивен ми го покажа ова прво и потоа се согласивме да го направиме. Идејата беше добра“, вели Руни.

Неодамна, сличен таков обид, но неуспешен имаа во германскиот второлигаш Карлсуе, така што останува да видиме кога слична техника ќе се случи на прволигашки елитен фудбал.

„Револуција“ или глупост? Карлсруе изведоа еден од најнеобичните корнери

 

Scroll to Top