Еурофарм Пелистер ја продолѓи победничката серија во Европската лига на ЕХФ, откако успеа да го совлада данскиот ГОГ Гудме со 32:31 (15:16) и да направи огромен чекор кон осминафиналето на новото европско натпреварување.
И покрај отсуствата во битолскиот клуб, тимот на Жељко Бабиќ стигна до импресивна победа над клубот кој минатата сезона настапуваше во Лигата на шампионите. Матео Мараш имаше 9 гола, а Јосип Периќ додаде седум, додека за гостите, Емил Јакобсен беше убедливо најефикасен со 11 гола.
Со победата, Пелистер се искачи на второто место во групата Д со 9 поени, четири помалку од лидерот Рајн-Некар Левен и еден поен пред ГОГ.
Фото: РК Еурофарм Пелистер