Интересни вести доаѓаат од Шпанија по „бруталното разбивање“ на Килијан Мбапе на Барселона во ЛШ.
Ден по големиот триумф на „Светците“ во Каталонија медиумите пишуваат дека Мбапе требало да е играч на Барса, но клубот своевремено одбил завршена работа.
Постои и доказ, а „Марка“ пишува дека се се случувало во 2017 година.
Приказната ја раскажал Хуниор Мингеља, фудбалски агент кој тврди дека Мбапе од Монако требало да се пресели во Барселона, но Каталонците одлучиле да го ангажираат Дембеле од Борусија (Д).
„Се најдовме во ситуација да дознаеме дека Нејмар се сели во ПСЖ, а Управата на Барсе тоа се уште тогаш не го знаеше. Од клубот рекоа дека не сакаат да направат потег се додека не се реши ситуацијата со Бразилецот, тогаш тренерот и претседателот имаа сомнеж за играчот кој сакаа да го доведат и веруваа дека за тимот е подобро да го земат Дембеле за разлика од Мбапе“ рече Мингеља.
Од Барса, наводно, целата работа ја имале договорено, требало само зелено светло.
„Имавме договор за 130 милиони евра плус 25 милиони во бонуси. Мбапе ќе заработуваше меѓу 10 и 16 милиони евра нето“ рече агентот.
Тогаш 18-годишниот фудбалер потпиша за ПСЖ и оттогаш се е познато.