Top Sport

Нант и Лазаров не успеаја да направат сензација против Барса

Нант имаше фантастично прво полувреме во „Палау Блауграна“, но на крајот не успеаја да им го нанесат првиот пораз на Барселона во ЕХФ Лигата на шампионите, откако домаќините се вратија во последните 15 минути од мечот за 30:29 победа.

Бенгоечеа, Гомез и Мем имаа по пет постигнати голови за Барселона, додека кај Нант најефикасен беше Валеро Ривера со 9 гола, додека новоименуваниот македонски селектор, Кирил Лазаров заврши со три гола.

Во другите мечеви, во групата на Вардар, ПСЖ со 33:26 го победи Мешков Брест да се доближи на поен до третото место на белорускиот клуб, додека во групата Б, Веспрем со 34:30 беше подобар од Мотор Запорожје за практички да го обезбеди второто место зад каталонскиот тим.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Пари Сен-Жермен – Мешков Брест 33:26 (15:12)

Табела: 1.Кјелце 15, 2.Флензбург 15, 3.Мешков Б. 11, 4.ПСЖ 10, 5.Пик Сегед 8, 6.Порто 8,  7.Елверум 4, 8.Вардар 3

ГРУПА Б

Веспрем – Мотор Запорожје 34:30 (17:17)

Барселона – Нант 30:29 (14:17)

Табела: 1.Барселона 24, 2.Веспрем 17, 3.Мотор З. 12, 4.Алборг 10, 5.Кил 9, 6.Нант 8, 7.Целје 6, 8.ППД Загреб 0

Scroll to Top