Кошаркарите на Морнар не дозволија пораз на свој терен во Бар, совладувајќи ја Црвена звезда со 88:84 за да израмнат на 1:1 и да примораат „мајсторка“ и во второто полуфинале на АБА-лигата.
Немања Врањеш уфрли 29 поени, а Дерик Нидам додаде 28 за фантастична игра на домаќините, а од другата страна само Тејлор Рочести одговори со 16 поени. Нашиот Перо Антиќ одигра 19 минути и постигна 9 поени, имаше три скока и една асистенција.
Врањеш постигна дури шест тројки и тоа кога беше најпотребно на Морнар, откако домаќините направија предност од 12:6 на стартот на мечот. Во последната четвртина, Огњен Добриќ со добра игра даде надеж на „црвено-црните“, но на крајот патникот во финалето ќе се бара во Белград.
„Мајсторка“ ќе има и во второто полуфинале меѓу Цедевита и Будуќност, по победата од 82:75 на хрватскиот шампион.
Фото: АБА-лига