Првиот натпревар од 16-финалето на фудбалската Лига Европа заврши нерешено 1-1.
Динамо во Киев одигра без победник со белгиски Клуб Бриж.
Во натпревар без поголем број возбудувања двата тима упатија само по еден удар во рамките на противничкиот гол, а и двата удари завршија во мрежите на Мињоле, односно Бушат.
Први до предност дојдоа домаќините.
Во 62 минута Бујалски на асистенција на Микуленко донесе предност од 1-0.
Сепак радоста на домашните траеше само 5 минути.
Во 67 минута Мехеле погоди за конечни 1-1.
Реваншот е за 7 дена во Белгија.