Top Sport

Јунајтед и Тотенхем со доминантни победи, Звезда во 93. минута „извлече“ реми со Милан

Манчестер јунајтед и Тотенхем имаа супериорни гостински победи во првите мечеви од 1/16-финалето на Лига Европа, Милан во 93-тата минута прими гол и пропушти да слави на „Маракана“ против Црвена звезда, додека Динамо Загреб стигна до импресивна 3:2 победа на гости кај Краснодар.

Реал Сосиедад го пречека Јунајтед во Торино на „Алијанц стадионот“, и дозволија Бруно Фернандеш да го постигне својот 20. и 21. гол оваа сезона за „ѓаволите“. Тој прво во 27. минута ја искористи неверојатно лошата интервенција на одбраната на Сосиедад за да ги донесе гостите во водство, за во 57. минута да го удвои водството. Маркус Рашфорд во 65. минута да ја потврди доминацијата, пред Џејмс во 90-тата минута да ги постави конечните 0:4. Тотенхем, пак, постигнаа три гола во првите 34 минути (стрелец беше и Герет Бејл), за на крајот да стигнат до 4:1 победа над австрискиот Волфсбергер.

На „Рајко Митиќ“ во Белград, во меч со два пенали, еден црвен картон и еден поништен гол, Милан беше на чекор до победа, пред да прими гол во самиот финиш на мечот со Црвена звезда. Радован Панков си постигна автогол во 42. минута од мечот пред Гелор Канга во 52. минута да израмни со гол од пенал. И Милан добија пенал во 61. минута за Тео Ернандез да донесе предност за гостите. Звезда остана со 10 играчи по вториот жолт за Родиќ во 77. минута, но сепак, успеаја да извлечат 2:2 реми во 93. минута со голот на Милан Павков.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед 0:4

Волфсбергер – Тотенхем 1:4

Брага – Рома 0:2

Црвена звезда – Милан 2:2

Краснодар – Динамо Загреб 2:3

Олимпијакос – ПСВ Ајндховен 4:2

Славија Прага – Лестер 0:0

Јанг Бојс – Баер Леверкузен 4:3

РЕАЛ СОСИЕДАД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – МИЛАН

КРАСНОДАР – ДИНАМО ЗАГРЕБ

ВОЛФСБЕРГЕР – ТОТЕНХЕМ

БРАГА – РОМА

ЈАНГ БОЈС – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

СЛАВИЈА ПРАГА – ЛЕСТЕР

ОЛИМПИЈАКОС – ПСВ АЈНДХОВЕН

Scroll to Top