Top Sport

Уапсени 57 навивачи на Будуќност од Подгорица

Хрватската полиција, соопшти дека, во Загреб, биле уапсени 57 навивачи на кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица поради нарушување на јавниот ред и мир, пред натпреварот со Цедевита во АБА лигата.

Оред судијата за прекршоци биле однесени 12 навивачи што за време на приведувањето пружале отпор, додека на останатите биле издаден налози за прекршоци, меѓу кои и пет налози за прекршување на Законот за странци, обајви агенцијата Хина.

Полицијата ги упаси навивачите на плоштадот „Бан Јелачиќ“, откако било пријавено дека тие го нарушуваат јавниот ред и мир.

Според пишувањата на хрватските медиуми, пред натпреварот Цедевита-Будуќност тие скандирале: „Ова е Србија“ и кршеле шишиња и жердињери.

фото: 24sata.hr

Scroll to Top