Избраничката на Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез во интервју за англиски „The Sun“ раскажува за животот пред и по запознавањето со Португалецот.
Кристијано Роналдо е познат како голем фанатик на здравите навики кога се работи за исхраната, вежбањето и рехабилитацијата. Поради тоа и со 35 години е феноменално физички подготвен.
„Ќе видиме дали и мојот син ќе стане голем фудбалер. Понекогаш пие кока кола и јаде чипс што ме нервира. Му кажувам некогаш по трчањето да влезе во ладна вода за подобро да се опорави“ раскажа неодамна португалскиот ас на Јувентус.
Георгина, пак, открива дека сакаат кога Кристијано не е дома затоа што тогаш со децата можат да јадат пуканки, пица и сето тоа што е „забрането“ додека фудбалерот е дома.
„Кога го нема него, си дозволуваме некои работи кои тој не сака да ги консумира. Понекогаш и Кристијано ќе касне пица, но само еднаш неделно. Потоа прави многу стомачни вежби. Кога него го нема, сите може да се најадеме, понекогаш одвај чекаме да отиде“ изјави Георгина.