Top Sport

Кокинакис полуде против Вердаско: Тоа е мојот е..н татко (Видео)

Фернандо Вердаско, во три сета, го елиминира Танаси Кокинакис од мастерсот во Мајами. Тајбрејкот, во решавачкиот сет, го реши победникот, а мечот го обележа и вербалниот дуел на тенисерите во третиот сет.

Кокинакис, најпрвин му се пожали на судијата дека секогаш кога сервира Вердаско го попречува, на што Шпанецот возврати дека од почетокот на мечот него истото му го прави еден навивач на австралискиот тенисер.

„Не мислам на тебе, туку на еден човек во публиката“, рекол Вердаско, а Кокинакис го прашал кој е тој човек.

Кога Вердсако покажал кој е човекот, Кокинакис уште повеќе се изнервира.

„Тоа не навредува, па тоа е мојот е..н татко“.

„Жалам не сакав да те навредам, но тој цело време зборува помеѓу мојот прв и втор сервис.

По мечот кој заврши со победа на Вердаско 3:6, 6:4, 7:6, раковањето на двајцата тенисери беше ладно и незаинтересирано.

Scroll to Top