Победничката серија на Манчестер сити продолжи и во Лондон, каде што „маестрото“ повторно беше подобар од ученикот, откако тимот на Пеп Гвардиола стигна до 1:0 победа над Арсенал, каде што главен тренер е поранешниот помошник на Каталонецот, Микел Артета.
Победата беше минимална, обезбедена уште во првите 70 секунди од мечот, кога Рахим Стерлинг беше оставен сам во шестнаесетникот на „топчиите“, но резултатот лаже – Сити го контролираше мечот од почеток до крај, ги имаше најдобрите шанси и стигна до победата, 18-та во низа (од кои 13 последователни победи во Премиер лигата).
Сити има 59 поени, 10 повеќе од Лестер на второто место, додека Арсенал се само 10-ти со 34 освоени поени.