Раководството на мадридски Реал во летниот преоден рок планира да направи реконструкција во тимот, а најмногу промени би требало да се случат во средниот ред. Реал, во тековната сезона, остана само уште во трката за титулата во Лигата на шампионите што никако не може да го задоволи апетитите на претседателот Флорентино Перез.
Весникот „АС“, тврди, дека најголеми промени ќе има во средниот ред. Според овој извор клубот бил подготвен да ги продаде Герет Бејл, Иско и Матео Ковачиќ.
Real Madrid: una ‘Operación Salida’ que podría ser de lujo https://t.co/hKVQrK7N7o
— AS (@diarioas) March 27, 2018
Иско е трансфер цел на Манчестер сити, а според шпекулациите Гвардиола бил подготвен да плати 86 милиони евра за овој играч. Од продажбата на Бејл, Перезе се надева дека може да земе најмалку 100 милиони евра.
Од клубот ќе замине и Ковачиќ, играч кој во Реал пристигна уште во 2015 година, во ерата на Рафа Бенитез, но никогаш е успеа да избори позачаен статус.