Top Sport

УЕФА го воведе правилото за четврта измена

УЕФА, од наредната сезона, во Лигата на шампионите и Лига Европа, ќе воведе и четврта измена. Правилото ќе важи во нокаут фазата и тоа само во случај натпреварот да влезе во продолженија.

Покрај четвртата измена УЕФА ги одобри промените кои се однесуваат во начинот на регистрирање на фудбалерите. Од наредната сезона играч ќе може да настапува за два различни екипи ви истото натпреварување.

„Започнувајќи од наредната сезона клубовите ќе можат да регистрираат по три нови играчи“, објави УЕФА.

Според важечките правила, доколку некој играч настапувал за еден клуб во Лигата на шампиони или Лига Европа нема право на настап во истото натпреварување, доколку на полу-сезоната го смени клубот.

Исто така, клубовите во протоколот од следната сезона ќе имаат 23, а не како досега 18 фудбалери.

Новата, 64.сезона, во Лигата на шампионите ќе започне на 26 јуни оваа година (квалификации), фазата по групи ќе стартува на 18 септември, Лигата на шампиони ќе заврши на 1 јуни 2019 година, кога ќе се одигра финалето на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Scroll to Top