Алфредо Квинтана, ракометниот голман на Порто и португалската репрезентација добил срцев удар на денешниот тренинг со Порто и веднаш бил однесен во болницата „Сао Жоао“.
Порто го потврдија инцидентот и открија дека тој ја добива потребната медицинска помош, без да ги откријат деталите за неговата состојба.
„Ракометарот Алфредо Квинтана страдаше за време на денешниот тренинг добивајќи срцев удар и со итна реакција веднаш е пренесен во болница“, велат од Порто.
32-годишниот Квинтана е роден на Куба, но е португалски државјанин десет години и има над 70 настапи за португалската репрезентација.