Top Sport

Мецелдер и формално обвинет за поседување детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Шалке, Криштоф Мецелдер и формално е обвинет за поседување и распространување на детска порнографија и ќе мора да се појави пред судот во Диселдорф на 29 април.

40-годишниот поранешен централен бек е обвинет за поседување на порнографски материјал и набавување на ваков материјал дури 29 пати. Истрагата започна во септември 2019 година, откако тој споделил вакви фотографии преку Ватсап, а германскиот таблоид „Билд“ го октри неговиот идентитет.

Лани, германските медиуми јавија дека Мецелдер признал дел од обвинувањата за да добие помала казна. Мецелдер покрај клупската кариера освои златен медал со Германија на Светското првенство во 2006 година.

Ексфудбалерот на Реал, Мецелдер обвинет за ширење детска порнографија!

Scroll to Top