Top Sport

Гатузо: Нека ме масакрираат, ама нека ги остават намира моите фудбалери

Фудбалерите на калчолигашот Наполи утре од 18.55 часот на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол го играат реванш дуелот од 16-финалето во Лига Европа против шпанска Гранада. Шпанците приредија изненадување на првиот дуел, славеа со 2-0 и така избраниците на Џенаро Гатузо ги доведоа пред елиминација во ова натпреварување.

Само еден триумф во последните 5 меча го оставија Гатузо на „тенок лед“ па со право подолго време се шпекулира дека неговото време во „градот под Везув“ е избројано.

„Критиките се заслужени, работите не одат во добра насока и одговорноста е моја. Имаат право да ме масакрираат, но се надевам дека моите фудбалери ќе ги остават намира. Поминуваме низ тежок период, настапите се под нашите можности. Се мачиме да стекнеме континуитет, но свесни сме дека носиме историски дрес. Вистинскиот виновник сум јас, како тренер“ вели Гатузо.

Пред тимот од Неапол утре е тешка задача, а притисокот е голем.

„Утре нема да има никакви калкулации, ќе излеземе на терен за да победиме. Тоа во овој момент е наша должност. Ќе биде тешко, но мора да веруваме. Во очите на моите момци видов дека веруваат, во фудбалот никогаш не се знае“ смета тренерот.

Scroll to Top