Грција со 1:0 го совлада Египет во пријателски меч во Цирих, Швајцарија, во меч во кој не играше првата ѕвезда на „фараоните“, Мо Салах.
Единствениот гол на натпреварот го постигна напаѓачот на Генк, Николаос Карелис во 29. минута од мечот. Египетскиот селектор Ектор Купер реши да го остави Салах на клупата, и покрај тоа што тој го постигна единствениот гол при 1:2 поразот од Португалија, бидејќи „и други играчи треба да добијат шанса“.
Во другите поинтересни мечеви, Босна и Херцеговина одигра 0:0 против Сенегал, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Данска и Чиле. Шкотска ја совлада Унгарија со 1:0, додека Белорусија ја изненади Словенија со 2:0.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
Босна и Херцеговина – Сенегал 0:0
Данска – Чиле 0:0
Грција – Египет 1:0
Унгарија – Шкотска 0:1
Брег на Слонова Коска – Молдавија 2:1
Тунис – Костарика 1:0
Словенија – Белорусија 0:2
Фото: ЕПА