Фудбалскиот клуб Барселона под водство на поранешниот претседател Жосеп Мариа Бартомеу е оштетен за износ помеѓу 843.000 и 1.200.000 евра преплатувајќи ги услугите на компанијата за следење на друштвените мрежи, објавија дел од шпанските медиуми.
Барселона од 2017 до 2020 година исплатила 2,3 милиони евра на групацијата „NiceStram“ под која се наоѓа компанијата „I3Ventures“ ангажирана за следење на социјалните мрежи.
Полицијата завчера упадна во клупските простории на „Ноу Камп“ за да ги испитаат подробностите, по што следуваше апсење на екс-претседателот Бартомеу и шефот на неговиот кабинет, Жаиме Масферер.
Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ рече дека е жално да се гледа што се случува во неговиот поранешен клуб (сега повторно тој е дел од Севилја).
„Жално е да се гледаат и слушаат тие работи. Сите кои ја носиме Барселона и тој град во срцето сакаме тоа што побрзо да се заврши и луѓето да можат да уживаат во Барса како и досега“ рече 32-годишниот Ракитиќ во разговор за „Радио Марка“.
Хрватот беше член на тимот од „Ноу Камп“ од 2014 до 2020 година.
„Јас секогаш сакам да кажам дека ние играчите сме само играчи. Тука сме за да играме фудбал. Во добро и во лошо – ние сме посветени на играта“ вели тој.