Поранешниот бразилски напаѓач на челси, Оскар, вели дека би сакал да се врати на „Стемфорд бриџ“ четири години откако направи скап трансфер од 60 милиони евра во Шангај СИПГ во Кинеската Суперлига.
Оскар имаше 203 настапи и две титули од Премиер лигата со Челси, пред да замине во Азија, како една од првите фудбалски ѕвезди кои заминаа во Кина, и сега на 29 години би сакал повторно да се врати во западен Лондон.
„Размислувам да завршам во Челси бидејќи таму поминав навистина добри времиња. Челси ми помогнаа да станам подобар фудбалер и да ги остварам соништата – да играм во Лигата на шампионите, да ја освојам Премиер лигата и да бидам во бразилската репрезентација. Уште имам многу пријатели таму и ако постои шанса да се заврши таму, би било совршено. Секако, Челси не сакаат многу постари фудбалери, но ќе се обидам да бидам во најдобра форма“, вели Оскар.