Top Sport

Нико Крањчар во солзи се прости од својот татко

Денеска во Алеата на заслужните на гробиштата Мирогој во Загреб беше погребан легендарниот хрватски фудбалер и тренер Златко Цицо Крањчар, а посебно внимание предизвика емотивниот говор на неговиот син, исто така поранешен фудбалер, Нико Крањчар.

„Ти ми беше идол, беше добриот дух и тоа ќе останеш. Велеше дека мене ме одгледа мама, но не беше баш така, мој Цицек. Ме носеше на тренинзи во Рапид, ми дозволи да се заљубам во фудбалот. Ме пушти сам да се борам. Со пример ме научи да го сакам своето и да ценам припадност, ме научи како да сум Пургер и Хрват. Најголемата лекција која ја добив од тебе беше дека сите сме еднакви на овој свет. На секој треба да му се даде барем насмевка, бидејќи таа е бесплатна. И ти, тато, не отиде, ќе бидеш секогаш со нас. Те сакаме, и од срце ти благодариме. Твојот син“, изјави Нико Крањчар.

AniWatch anime online: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 12

AnimeTV hunter x hunter anime tv: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 2 (https://animetv.cc/m/3pLk/ep-2)

Scroll to Top