Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер вели дека тие нема да поставуваат услов за вакцинирање за КОВИД-19, но додава дека верува дека повеќето кошаркари на крајот ќе се решат да го направат тоа.
„Во бројките на вакцинираните во САД и во однос на јавното мислење, гледаме дека луѓето се навикнуваат на идејата на вакцина. Мислам дека откако десетина милиони луѓе добија вакцина, скептиците ќе се убедат на ефикасноста на вакцините. Сметам дека повеќето кошаркари на крајот ќе решат да добијат вакцина. На крајот, тоа е нивна лична одлука, бидејќи ние нема да приморуваме никого“, вели Силвер.
Според здравствените протоколи на НБА лигата, кошаркарите мораат да се тестираат до трипати дневно и мораат да одат во карантин ако биле во близок контак со некој кој бил позитивен. Тоа двапати му се случи на ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент. Доклку добил вакцина, тој немаше да мора да оди во карантин.
„Покрај здравствените придобивки за нивното семејство, мислам дека треба да се вакцинираат. На пример, сега има препорака дека ако си вакциниран, не мораш во карантин по близок контакт. Многу наши играчи мораа да паузираат и покрај тоа што имаа негативни тестови“, додава Силвер.