Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт не престанува со обидите да го убеди Хабиб Нурмагомедов да се врати во кафезот, откако по УФЦ 259 во Лас Вегас потврди дека имал „конструктивен“ разговор со Русинот.
Вајт повеќе пати изјавуваше дека ќе го убеди Хабиб да се врати во потрага по 30-0 скор, пет месеци откако тој се повлече од спортот по победата над Џастин Гетџи. Нурмагомедов беше во Лас Вегас за да го следи мечот на неговиот тренинг партнер Ислам Махачев и Вајт потврди дека повторно го убедувал.
„Да, зборувавме. Му кажав: ‘Еј, што правиме во септември?’ Тој се насмеа исто како и вие новинарите. Тоа беше се. Ќе одиме на вечера подоцна, па ќе видиме што ќе направиме“, вели Вајт.
@danawhite ? pic.twitter.com/b5weBQPY42
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 7, 2021