Top Sport

Рубљов со четврта последователна АТП 500 титула, прв ВТА трофеј за Таусон

Русинот Андреј Рубљов стигна до својата осма титула во кариерата, и неверојатна четврта АТП 500 титула во низа, откако со 7:6(4)/6:4 го совлада Унгарецот Мартен Фучович во финалето на Ротердам опен.

Со ова продолжува фантастичната 2021 година за Рубљов, кој претходно победи на АТП Купот со своите сонародници и стигна до четврт-финалето на Австралија опен. 23-годишниот Рубљов е трет Русин кој освоил најмалку четири АТП 500 титули по Евгениј Кафелников (1999) и Михаил Јужни (2007).

Во Лион пак, 18-годишната Данка Клара Таусон со 6:4/6:1 ја збриша Швајцарката Викторија Голубиќ за да ја освои својата прва ВТА титула во кареирата. Таусон е само 139. на ВТА листата и од понеделник првпат во кариерата ќе биде меѓу топ 100 тенисерките.

Scroll to Top