Top Sport

Ојарзабал пак се посрамоти со пенал во стилот на Бруно

Реал Сосиедад стигна до 1:0 победа над Леванте на Енис Барди за да остане сигурно на петтото место во шпанската Ла лига, но во центарот на вниманието беше Микел Ојарзабал, вообичаено сигурниот напаѓач на баскискиот клуб, кој вторпат едноподруго се посрамоти со обид од белата точка, обидувајќи се да шутира во стилот на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед.

Ојарзабал во кариерата имаше постигнато 17 голови од пенал без промашување, пред првпат во кариерата да утне во пенал-серијата со Барселона во Суперкупот на Шпанија. Потоа дојде реваншот со Манчестер јунајтед во Лига Европа, кога првпат се обиде да го копира Бруно со лош крај, и сега во 25. минута при 1:0 водство против Леванте, тој имаше уште полош обид.

Scroll to Top