Тјери Анри признава дека не би пропуштил шанса да стане тренер на Арсенал во иднината, посочувајќи дека толку го сака клубот од северен Лондон што би се вратил и да ја „коси тревата на ‘Емирати’“.
Легендарниот Французин во моментов е без работа откако си замина од МЛС клубот Монтреал Импакт и се врати во Лондон каде што живее неговото семејство. Во интервју за магазинот „Фор Фор Ту“, тој беше искрен.
„Слушајте, ако прашате навивач на Арсенал дали би сакале да станат тренер на Арсенал, ќе кажат да. Ако ги прашате дали сакааат да дадат гол за Арсенал, ќе кажат да. Кога зборуваме така, тоа е утопија, а луѓето се занесуваат кога ќе кажам дека тоа е мојот клуб, кој го имам во крвта, чиј навивач сум. Така што, ако ме прашувате дали еден ден сакам да бидам тренер на Арсенал, тогаш да. Или да бидам човекот кој ги средува десовите, тогаш да. Ако прашате дали би сакал да ја косам тревата на ‘Емирати’, тогаш да. Да, тоа се соништа. Но, ова е реалноста. Дали би сакал да бидам тренер на Арсенал? Да. Дали би сакал да одам во Барселона? Да. Дали би сакал да играм пак за Арсенал? Секако, но реалноста е дека не можам. Уште учам, сакам да бидам добар за тимовите каде учам, а потоа времето ќе покаже“, вели Анри.