НБА лигата објави дека Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс ги осигураа првите места на листата најпопуларни дресови и тимска гардероба во Европа, и тоа втора година во низа.
Резултатите се базираат на продажбата на официјалната НБА он-лајн продавница во Европа „NBAStore.eu“.
Кевин Дурент од Бруклин Нетс е второрангиран на листата најпродавани дресови, па следуваат Стеф Кари, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.
Словенецот Лука Дончиќ е шести на оваа ранг листа, додека по него е Јанис Адетокумбо.
На листата најпродавана тимска гардероба зад Лејкерси се Бруклин Нетс, Голден Стеј и Бостон Селтикс.