Top Sport

Ферари ја претстави машината за 2021

Најуспешниот и најпопуларниот Формула 1 тим, Ферари го претстави својот нов болид за сезоната 2021, СФ21, со надежи дека ќе се поправи впечатокот од минатата катастрофална сезона.

Шарл Леклер останува со Скудерија, додека негов нов партнер на местото на Себастијан Фетел, е поранешниот возач на Мекларен и син на легендарниот рели возач со исто име, Карлос Саинс Јуниор. Бидејќи нема многу промени на правилата, кои беа одложени за сезоната 2022, нема многу промени во структурниот дел од болидот, ниту во дизајнот, но во Ферари се сигурни дека ги надминале проблемите од 2020, кога ја имаа најлошата сезона во последните неколку децении.

Scroll to Top