Ламаркус Олдриџ се подготвува да го напушти Сан Антонио. Тренерот на франшизата, Грег Поповиќ, пред мечот со Далас Маверикс, потврдил дека Сан Антонио спогодбено се разделиле со Олдриџ.
Сан Антонио имаат неколку опции за трејд на 35-годишниот кошаркар, а расплетот се очекува до крајот на неделата. Доколку трејдот не биде реализиран до 25.март, тогаш Сан Антонио ќе мора да му исплатат на Олдриџ 24 милиони долари, колку што му следува според договорот.
Во случај на вакво сценарио, Олдриџ, ќе замине како слободен играч и сам ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Олдриџ последниот натпревар за Сан Антонио, тим во кој играше шест сезони, го одиграл на 1.март. Без Олдриџ, Спарс имаат шест победи на последните осум натпревари.
Сезонава, Олдирџ, има просек од 13,7 поени, 4,5 скока и 1,7 асистенции.
Олдриџ, во 2006 година беше втор пик на драфтот. Го избраа Чикако Булс, а потоа преку Њујорк Никс го трејдуваа во Портланд, каде ги мина првите девет години од кариерата.