ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер одговори на предизвикот на британскиот шампион Ентони Џошуа кој го предизвика на меч по саботната победа над Џозеф Паркер во Кардиф, и посочи дека Новозеланѓанецот бил „ограбен“ при победата на Џошуа во 12 рунди.
Џошуа не импресионираше против Паркер, но победата на поени беше сигурна и тој ја додаде ВБО титулата на своите ВБА, ИБО и ИБФ титули. По победата, Џошуа го повика Вајлдер да дојде во Британија и да организираат меч за апсолутната титула во тешка категорија.
Вајлдер одговори преку Инстаграм, велејќи дека и претходно ги прифатил „поканите“ на Џошуа.
What a robbery… WOW‼️ @joeboxerparker great job Bro omg don’t apologize you did nothing wrong. True champion. @anthonyfjoshua, I ACCEPTED 100%
P.S. Take AFRICA off your Arm. They’re warriors. You from UK brotha pic.twitter.com/09yv1bCqrq
— Deontay Wilder (@BronzeBomber) April 1, 2018
„Баба ми претходно ми кажа дека ако немаш нешто убаво да кажеш, не кажувај ништо. Тоа е сè што ќе кажам. Мечот беше вистински грабеж. Паркер не треба да се извинува бидејќи е вистински шампион. П.С. Џошуа тргни ја Африка од својата рака, тоа се вистински воини, ти си од Британија“, изјави Вајлдер.
Претходно, во саботата Вајлдер предизвика бура на реакции откако во контроверзно интервју изјави дека би сакал да „убие“ некого во рингот, по што ВБЦ најави официјална истрага за изјавите.