Top Sport

Црвена звезда во дербито ја продолжи агонијата на Партизан

Кошаркарите на Црвена звезда го добија „вечното дерби“, против Партизан, во рамките на Аба лигата со 73:64. Црвена звезда го задржа чекорот со водечките во регионалното натпреварување, додека Партизан го забележа седмиот пораз во низа. Последен пат црно-белите, во АБА лигата, победиле на 3.јануари.

Дербито не ги исполни очекувањата, а вина за тоа имаат и судиите кои со честите прегледувања на снимките, го убија ритамот.

Црвена звезда рутински славеше над вечниот ривал. Партизан беа конкурентни во првата четвртина, во втората Црвена звезда стигна до предност од 16 поени, а на полувреме разликата беше седум коша.

Тртетиот период, односно перидот од пет минути во кои Партизан не постигнаа коша, го реши конечниот победник.

Црвена звезда ја предводеше Дуоп Рит со 15 поени и седум скока, а покрај него уште четврица постигнаа двоцифрен број на поени:Дејан Давидовац 14, Кори Волден 12, а Огњен Добриќ и Џордан Лојд по 10.

Во редовите на Партизан најдобар беше Рашон Томас со 17 поени и 14 скокови.

Scroll to Top