Шпекулациите дека Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид на крајот на сезоната се глупости, смета неговиот соиграч од Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе.
Нејмар е на „Паркот на принцовите“ нецела сезона откако ПСЖ платија рекордни 222 милиони евра да го откупат неговиот договор со Барселона во август, а веднаш потоа го добија и Мбапе на позајмица од Монако, пред оваа година да платат 180 милиони евра.
И покрај ова, веднаш се појавија шпекулации дека Реал Мадрид се подготвени да го вратат Бразилецот (кој се опоравува од повредата на стапалото) во Шпанија, нешто со што сакаше да се „поигрува“ и претседателот на „Лос бланкос“, Флорентино Порез. Мбапе не верува во тоа.
„Мислам дека тоа се само глупости. Постојано сум во контакт со Нејмар и му посакав добро Светско првенство, но не да го победи. Целта е ние да го донесеме трофејот во Франција