Џон Изнер го освои мастерсот во Мајами, откако во финалето го победи Александар Зверев во три сета 6:7, 6:4, 6:4. Американецот во Мајами го забележа најголемиот успех во кариерата.
Публиката во Мајами имаше можност да присуствува на вистински спектакл, кој по два часа и 32 минути, заврши со победа на нивниот миленик.
Изнер можеше да и порано да го реши мечот, но во тоа го спречи лошата реализација на брејк шансите. Американецот искористи две од 12.брејк можности. Двете брејк шанси Изнер ги искористи во деветтот гем од вториот односно третиот сет.