Поранешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Радоњиќ, до крајот на сезоната од клупата ќе ги предводи кошаркарите на Баерн Минхен, објави клубот на социјалните мрежи. Според договорот, тој ќе има можност да ја продолжи соработката на уште една сезона.
Радоњиќ на клупата го замени Александар Ѓорѓевиќ кој по серијата од три порази (два во полу-финалето во Еврокупот од Дарушафака) доби отказ.
„Со нетрпение чекам да започнам да работам во Баерн. Изминатите месеци имав неколку понуди, но кога стигна понудата од Баерн веднаш ја прифатив. Целта е да ја освоиме титулата во Германија“, рекол Радоњиќ.
Црногосрскиот стратег е тренер со најмногу натпревари во Црвена звезда. Тој во периодот од 2013 до 2017 година освои три титули во првенството на Србија и АБА лигата, а еднаш играше и во четврт-финалето во Евролигата.
Во Баерн тој ќе има можност повторно да работи со Стефан Јовиќ и Мајк Цирбес.