Top Sport

Алонсо: Наскоро ќе се бориме со Ред бул!

Фернандо Алонсо верува дека Мекларен наскоро ќе „заборави“ на ривалите од „средината“ на Формула 1 и следна цел е да се „лови“ тимот на Ред бул.

Алонсо беше петти на првата трка од сезоната, Австралиското ГП, разделувајќи ги Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен, двајца возачи на Ред бул во првата трка на Мекларен со мотори на Рено. Меѓутоа, овој резултат беше помогнат од извртувањето на стартот на трката на Ферстапен и излегување на безбедносното возило, како и со проблемите на Хас (двата болида се откажаа) и на возачот на Рено, Карлос Саинс.

Мекларен МЦЛ33 болидот беше само шести најбрз болид на квалификациите, но Алонсо верува во голем напредок и во борба со Ред бул, кои исто така се со мотори на Рено.


„Работите дефинитивно ќе бидат подобри и подобри за Мекларен. Имаме голем потенцијал кој треба да го ‘отвориме’ од болидот. Ова е прва трка во комбинација Мекларен-Рено, така што не чека уште многу. Ќе видите во Бахреин. Ред бул се јасно пред нас, во групата со Мерцедес и Ферари, но Мекларен ќе влезе во таа група“, изјави Алонсо.

И пред трката во Австралија, Шпанецот изјави дека првата трка од сезоната ќе биде најслаба оваа сезона.

„Не заборавајте дека решивме да го смениме моторот доцна во 2017 година и моравме да редизајнираме голем број од деловите, посебно во задниот дел. Интеграцијата меѓу Мекларен и Рено уште не е 100 отсто завршена и затоа сум оптимист“, додава Алонсо.

Scroll to Top