Реал Мадрид и Ливерпул се една од најпривлечните двојки во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Великаните на светскиот фудбал, последен пат се сретнале во 2018 година, во финалето во Киев, Реал победи со 3:1.
Реал првиот натпревар ќе го одигра на домашен терен, но прашање е дали ќе го пречека Ливерпул во Мадрид или ќе ја доживее судбината на градскиот ривал Атлетико, кој во претходната рунда му беше домаќин на Челси во Букурешт.
Забраната за патниците од Англија, во Шпанија, важи до 30.март, но како се развива пандемијата со коронавирусот, можно е шпанската влада да ја продолжи забраната. Доколку се случи тоа, Реал ќе мора да бараат терен каде ќе го пречекаат Ливерпул.
Реваншот би требало да се одигра во Ливерпул, бидејќи Шпанија не се наоѓа на „црвената листа“ на британската влада.