Top Sport

Лев против Македонија со двајца тинејџери, без Милер и Хумелс

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, го објави спискот на фудбалери за квалификациските натпревари против Исланд, Романија и Македонија.

Најголемите фаворити во Ј-групата, за пласман на Светското првенство во Катар, квалификациите ќе ги отворат против Исланд во Дуизбург на 25.март, три дена подоцна ќе гостуваат во Романија, а на 31.март во Дуизбург ќе ја пречекаат Македонија.

На спискот ги нема ветераните Матс Хумелс и Томас Милер. Лев најави дека тие ќе се вратат во репрезентацијата, но на нивните услуги ќе смета за Европското првенство.

Прв пат повик во сениорскиот тим добија талентираните тинејџери од Баерн Минхен, 18-годишниот Џамал Мусиала и една година помладиот Флоријан Вурц.

Иако има проблеми епидемиолошките мерки кои ги спроведува владата на Германија, Лев, го повика и фудбалерите кои играат во Англија: Тимо Вернер, Каи Хаверц, Антонио Ридигер и Илкај Гундоган.

 

 

 

 

Scroll to Top